Тодоров: Ќе развиеме електронски водич за сите манастирски капацитети

Од:

Носителот на листата во третата изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров денеска го промовираше проектот за развој на манастирскиот туризам во Македонија.

– Денеска сакам да промовирам уште еден проект од 2.046-те проекти. Тоа е проектот за развој на манастирскиот туризам. Со овој проект предвидуваме во соработка со МПЦ ОА да развиеме веб-страница со електронски водич за сите манастирски капацитети кои нудат можности за сместување и манастирски туризам, изјави Тодоров по посетата на црквата „Воскресение Христово“ во скопско Зелениково.

Предвидуваме, нагласи, проектот да се реализира во периодот 2014-2015 година.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија