Тодоров: Двојно поголем бројот на пациенти на Државна кардиохирургија од лани

Од:

Бројот на хоспитализирани и третирани пациенти на Државната клиника за кардиохирургија досега е веќе двојно поголем од вкупниот број паценти минатата година, изјави при денешната посета министерот за здравство Никола Тодоров. 

– Тоа докажува дека Државната кардиохирургија се повеќе добива на одличен глас кај пациентите и се повеќе веруваат и одбираат да бидат третирани на Државната кардиохирургија на Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ во Скопје, рече Тодоров.

Посочи дека проектот одлично функционира и Клиниката се развива подобро од очекуваното, како и дека постојано има нови достигнувања и освен кардиохируршки интервенции се прават васкуларни процедури.

– Честитки на докторите за одличната работа и посветеноста, за многуте спасени човечки животи и за ентузијазмот што го покажуваат, но и посветеноста за натамошен развој на Клиниката, рече Тодоров.

Нагласи дека на Клиниката се помага на различни категории пациенти, додека најмладиот опериран пациент е на 20 години, кој е третиран и веќе отпуштен од Клиниката во добра состојба.

Би можело да ве интересира

Поцеста и Филиповиќ нови директори на Клиниките за кардиологија и дерматовенерологија

Срцевата страна на хипотиреозата

Предраг Петровиќ

Лицата со кардиоваскуларни заболувања да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19

Ана Ололовска

Во земјава се намалува смртноста од кардиоваскуларни заболувања

Маж спасен на Клиниката за кардиологија, извршено стентирање на трауматска трансекција на торакална аорта

Ландов

Клиниката „Жан Митрев“ продолжува со услугите за вродени срцеви мани на деца

Татјана Ташкова