Тинејџер од Делчево ги украл податоците од картичката на дедо му и потрошил над 7.500 евра

Од:

18-годишник од Делчево дошол до податоците од дебитната картичка на дедо му и од неа потрошил повеќе од 7.500 илјади евра за игри и за купување.

-СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања. На тој начин го оштетил дедо му за сума од 468.832 денари информира Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес