Тилерсон: САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија

Од:

Соединетите Американски Држави се горди што се пријател и стратешки партнер на Македонија и веќе 26 години работиме заедно за поддршка на аспирациите на Македонија за влез во ЕУ и НАТО, се вели во честитката од aмериканскиот државен секретар Рекс Тилерсон, по повод Денот на независност на Република Македонија.

– Во име на Владата на Соединетите Американски Држави, ми претставува задоволство, на народот на Македонија да му ги пренесам нашите најдобри желби, по повод 26-те години независност. Ги поздравуваме активностите што ги презеде новата влада, при што ја покажа својата посветеност спрема демократските принципи, почитувањето на владеењето на правото и регионалната соработка. САД ќе продолжат да ги поддржуваат напорите на Македонија за спроведување на реформите, потребни за да го обезбеди своето место во евроатлантското семејство, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.

Со нетрпение очекуваме на продолжителна соработка и во годините што следат, се вели во честитката на Стејт департментот.

Би можело да ве интересира

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

САД: „Подготвени сме за напад“