ТХП: Пред 27 години граѓаните гласаа за независна Македонија, а сега сме на чекор до отворените порти на НАТО и ЕУ

Од:

„Пред дваесет и седум години граѓаните со голем ентузијазам, храброст и одлучност гласаа за независна и суверена Република Македонија. Денес, на овој значаен ден, нашата Македонија се наоѓа на чекор до ширум отворените порти на НАТО и ЕУ. Сонот кој го живееме повеќе од четврт век е на дофат.

Граѓаните кои пред дваесет и седум години положија еден огромен демократски и патриотски тест спремни се истото да го сторат и на 30-ти септември. Ние, Турската заедница во Македонија и во 1991-та, а и сега максимално се залагаме за остварување на државните и националните интереси.

Евроатлантската интеграција не само што ќе значи заокружување на главната стратешка цел, туку ќе значи мир, економска, културна благосостојба за сите граѓани, а со тоа и исполнување на аманетот на претходните генерации.

Да живее европска Македонија“ се вели во соопштението на Партијата за движење на Турците (ТХП).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства

Мицкоски: Сите настани поврзани со прославата на 8 Септември, граѓаните и Буџетот ги чинеа нула денари

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски