Тешко повредена 55-годишна жена во сообраќајна несреќа во тетовско

Од:

Тешко повредена е 55-годишна сопатничка во возило кое вчера околу 16 часот излетало од патот и удрило во бетонски столб во близина на тетовско Рогачево.

-Во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Тетово-Јажинце, во близина на тетовско Рогачево, патничко моторно возило „фолксваген поло” со тетовски регистарски ознаки управувано од 19-годишната З.И. од тетовско Јажинце излетало од коловоз и удрило во бетонски столб. Во несреќата, сопатничката во возилото Џ.И.(55), исто така, од Јажинце се здобила со тешки телесни повреди, а З.И.телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука