Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Свети Николе

Од:

Деветнаесет годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајната несреќа со товарно моторно возило што се случила вчера во Свети Николе.

Како што се наведува во полицискиот билтен, сообраќајката се случила вчера околу 16:30 часот на крстосницата на ул.11-та Македонска бригада и ул. 9-ти Ноември во Свети Николе помеѓу товарно моторно возило ,,Мерцедес“ управувано од Д.Б.(35) од Свети Николе и мотоцикл ,,Кавасаки“ без регистарска табличка управуван од К.Л.(19) од Свети Николе.

Во незгодата тешки телесни повреди добил Д.Б. кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар Штип за укажување на лекарска помош, а потоа во Клиничкиот центар Скопје каде му се констатирани тешки телесни повреди и се наоѓа во животна опасност.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци

Шестмина добија кривични пријави бидејќи противзаконски доцртале кат на зграда во Свети Николе

А1он