Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје-Велес, загина 50-годишник

Од:

50-годишен скопјанец го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа со вчера се случи на крстосница од регионалниот пат Скопје-Велес и регионалниот пат с.Јурумлери-с.Суводол во која се судрија камино и автобонилот што го управувала жртвата. Починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната помош.

– На 02.05.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Скопје-Велес и регионалниот пат с.Јурумлери-с.Суводол се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Куманово и патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(50) од с.Јурумлери. На местото на несреќата од здобиените повреди починал Г.И., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, се наведува во соопшението од МВР.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука