Тепачка во скопско Кучевиште, повредените пренесени на Клиника

Од:

Во скопското село Кучевиште синоќа околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„7“ во по претходна расправија поради меѓусебна нетрпеливост, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(29), С.Г(51) и М.Г.(63), од една страна, и М.Г.(74), С.Г.(47), В.Г.(42) и С.Г.(49), од друга страна, сите од с.Кучевиште.

Во физичката пресметка со тешки телесни повреди се здобиле М.Г.(74) и М.Г.(63). Повредените биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Градското собрание на Чачак: Советниците се испокараа и се степаа, а разменија и остри зборови

(ВИДЕО) Тепачка на Дедо Мразовци во продавница

А1он

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он

Голема тепачка во Сарај: Во средно училиште се истепале две групи на мажи

Тројца затвореници од „Идризово“ претепаa 61-годишен осуденик

Горан Наумовски