Температурите ќе растат, но повторно најави за дожд

Од:

Во поголем дел од земјава, утрово е ведро и посвежо, а во источните делови променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Преку ден, времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови, засилен ветер од северен правец – над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура се очекува да биде во интервал од 3 до 11, а максималната да достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје, сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во деновите што следат се очекува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневните температури да бидат во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, релативно топло преку ден

А1он

Топло во следните денови, УХМР најавува температури до 29 степени

Сончево со мала облачност и темепратури до 26 степени

Сончево со температури до 26 степени

Сончево и топло со температури до 26 степени

Променливо време со ниски утрински температури