Телма: Професоре А. Климовски – ЕЕЗ не е невладина организација

Од:

По вчерашниот прилог на ТВ Телма, во кој беше наведено дека Макпетрол ќе го тужи професорот Александар Климовски за клевета изнесена во негово интервју за интернет портал, и реакцијата на ТВ Телма за дисквалификациите кон нив од негова страна изнесени во тоа интервју, професорот, повикувајќи се на член 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, испрати барање за објавување на демант.

„ Со оглед на фактот дека во информацијата на ТВ Телма не е содржана никаква клевета спрема професорот Александар Климовски , во смисла на одредбите на член 14 од цитираниот закон, ТВ Телма нема намера да одговори на неговото барање за објавување на таканаречениот демант“, реагира телевизијата.

Ниту имавме, ниту имаме намера да ги анализираме стручните квалификации на професорот Климовски, реагира ТВ Телма.

„Но не можеме а да не забележиме дека професорот, со сиот свој стручен беграунд, е недоволно информиран дека Европската енергетска заедница не е „периферна или невладина организација лобист на Макпетрол“, како што тој тврди во интервјуто за интернет порталот, туку е меѓународна организација формирана со меѓународен договор во 2005 година. А главната цел на формирањето на енергетската заедница е взаемно делување на Европската Унија и земјите од Југоисточна европа и проширување на внатрешниот енергетски пазар на ЕУ кон овие земји. Овие информации професорот лесно можел да ги дознае, како и фактот дека Македонија е потписник на Договорот за формирање на Заедницата, и е нејзин член од 1 јули 2006 година и дека токму преку ЕЕЗ земјите членки како обврзувачки ги превземаат сите директиви на ЕУ од енергетската сфера.

Инаку, преку Енергетската заедница и нејзините тела, Брисел следи колку земјите се усогласени или ги следат европските регулативи од енергетскиот сектор, а не преку Европската енергетска комисија, како што тој вели, бидејќи такво тело не постои, а професорот веројатно мислел на Генералниот директоратот за енергетика”, стои во реакцијата на Телма.

Би можело да ве интересира

ССНМ: Телма да ја повлече забраната за новинарите

Ана Ололовска

Новинарите на „Телма“ бараат да се повлече барањето на Кировски за цензура на статусите на социјалните мрежи

Ана Ололовска

ЗНМ ја осуди забраната на „Телма“ за коментирање на интернет

Ана Ололовска

Пцости и вербални напади врз новинари на Телма на протестот „За заедничка Македонија“

А1он

Заменик командант на единица во МВР спречил да се фатат напаѓачите на екипата на А1он

А1он

Телма силно ги осудува радикалните повици на Јовановски

А1он