Таткото на Дениса: Ништо не знаеме, чекаме, а институциите молчат

Од:

Веќе десет дена семејството Марковски живее во неизвесност, по исчезнувањето на нивната ќерка Дениса.

Таткото Кире за А1он објасни дека единствено информации за неговата ќерка добива од медиумите кои во недостаток на официјални информации шпекулираат и нагаѓаат што точно се случило на бродот „Серенесима“ на кој работеше Дениса. Семејството не било исконтатктирано од ниедна институција во земјава за текот на истрагата која ја врши грчката полиција.

Таткото Кире раскажува дека секој ден чекаат да им заѕвони телефонот за да дознаат што се случило со нивната ќерка.

Кире два пати се јавил и во нашата канцеларија за врски во Грција, за да праша дали има напредок во истрагата, но добил одговор дека засега нема ништо ново но не и повратен телефонски повик.

„Дениса немаше никаков пробелем, па ниту се пожали на нешто. Доколку и било непријатно да каже нешто зошто јас сум и татко, тоа ќе и го кажеше на мајка и. Тие секој ден пишуваа на фејсбук, и освен тоа што Дениса се жалеше дека ја болело глава или стомак, не се пожали на некој друг сериозен проблем“, вели таткото на Дениса.

Семејството на Дениса бара од институциите во земјава да се поажурни и да им дадат информации за текот на случајот, а не да ги информираат новинарите кои им се јавуваат да бараат информации од нив кои ги немаат.

Дениса Маркоска работеше на бродот „Серенесима“ кој пловеше во грчки води и и се губи трагот веќе десет дена. Нејзиниот мобилен телефон кој е најден е даден на истрага.

Б.С.

Би можело да ве интересира

ДНК резултатите од Грција пристигнаа во Скопје

Емир Латифовиќ

Завршена е аутопсијата на телото пронајдено во Егејското море, следува ДНК анализа

Ана Ололовска

ДНК анализата ќе утврди дали пронајденото тело во Егејското море е на Дениса Маркоска

Ана Ололовска