Татко и ќерка повредени откако излетаа со автомобил во Вардар кај Челопек

Од:

Татко и ќерка се полесно повредени откако излетале со автомобилот во водите на реката Вардар во близина на тетовски Челопек вчера околу 19 часот и 40 минути. Случајот бил пријавен во тетовската полиција.

– Пријавено е дека во 19:40 часот на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Тетово, излетало во реката. Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово, информираат од МВР.

За интервенција биле повикани и Територијалната противпожарна единица Тетово.

-По излетувањето таткото и ќерката самите успеале да излезат од автомобилот, а ние потоа го извлековме возилото. Мислам дека девојчето имаше скршен прст, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

Поради оваа сообраќајна незгода извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Пронајдено e телото на 16-годишната Теодора Бабариќ која се удави во Вардар

А1он

Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во Вардар, вклучени и армиските „Волци“

Катерина Ѓуровски

Исчезна девојче во водите на Вардар

А1он

Зголемено ниво на Вардар, Треска, Пчиња и на Црна Река

Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар

А1он

Се излеаја фекалии, голем помор на риби во Вардар кај Градско

Катерина Ѓуровски