Татко и брат натепале 13 годишно девојче од радовишко село

Од:

МВР информира дека рано утринава во 04.25 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода И.А.(46) и А.А.(21) од село во Радовишко, а по претходна пријава на лекар од Итна медицинска помош Радовиш.

Кај нив за укажување на лекарска помош се јавила тринаесет годишна малолетничка од Радовишко, која имала повреди на телото коишто по нејзино кажување и биле нанесени од нејзиниот татко И.А. и нејзиниот брат А.А.

За случајот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки се преземени мерки за расчистување на случајот.

Извршен е разговор со малолетничката од страна на вработен во Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пријави за семејно насилство во Крива Паланка, Куманово, Прилеп и Тетово

А1он

Уапсени се 14 возачи за безобѕирно возење

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Маж од Чегране е осомничен за уцена од 5.000 евра, се закануваше со објава на снимен разговор

А1он

Нови пријави за семејно насилство во Македонија

А1он

Пријавено е насилство врз жени во Штип и во Виница

А1он