Македонска Ера Трета, македонски независни листи суверенисти во текот на кампањата за избор на пратеници, на поразличен начин со блиски средби и без демагогии и мегаломански ветувања кои се популарни меѓу народот, успеа да го доближи акциониот план за преструктуирање и реорганизација на Македонија и македонското општество до поголем дел од народот“ рече на денешната прес конференција Горан Тасковски, носителот во петтата изборна единица.
„Сите стратегии, проекти и решенија кои се предвидени да се спроведат во нашата татковина се со цел да функционира Македонија во интерес на сите, а не за одредени личности како во изминатите триесетина години. Делата се тие кои го красат секој поединец, нашите дела од минатото се очигледни со значителен придонес за Македонија.
Да ги продолжиме позитивите работи целосно во татковината со чесност, принципиелност, одговорност и работливост. Македонија што побрзо мора да се прилагоди на новиот суверенистички свет, кој започна да функицонира. Да бидеме дел од враќањето во нормала на светското и македонското општество.
Гласот за број 12 е глас за суверена Македонија, глас за враќање на името, за мајка и татко, не за родител 1 и 2, Македонија членка на БРИКС, враќање на достонството на бранителите, стоп за задолжително вакцинирање, поништување на сите штетни договори, не за Бугари во Уставот, неутралност на Македонија, не за данок за земјоделците, системски решенија за пензионерите, лицата со попреченост, бранителите, лицата со ретки болести, социјално загрозените.
Соработка со сите кои што ја почитуваат Македонија и македонскиот народ. Ревизија на приватизацијата и на сите досегашни функционери, правда, национализација на македонските економски гиганти, државјанство за сите Македонци по род, значителен земјоделски развој.
Македонска Ера Трета-македонски независни листи суверенисти има четири стратегии договорено со светските суверенисти за Македонија кои веднаш се спроведуваат со доаѓањето на суверенистичката власт во Макеоднија.
Под еден веднаш враќање на името, под два враќање на македонскиот надворешен долг, под три значително инвестирање во македонската инфрструктура, под четири воведување на најмодерна технологија за производство на бесплатна електрична енергија преку проектот „Венос“.
Затоа на 8 мај имајте доверба во себе, имајте доверба во Македонија, излезете на гласање и гласајте за себе, за сопствената индина која сами ја одредуваме“ рече Тасковски.
