Тасковски: Надворешната политика е огледало на секоја држава

Од:

„Гласам за суверена Македонија“ е мотото на партијата Македонска Ера Трета Суверенисти која на парламентарните избори има листи во шесте изборни единици.

Носител во изборната единица еден е Владимир Трајковски,

во втората изборна единица Марјан Камиловски,

во третата Владо Павлов,

во четворката Владимир Ѓоргиоски,

во петтата Горан Тасковски

и во шестата изборна единица Соња Јовановска.

Тасковски е поранешен дипломати, амбасадор на Македонија во Турција.

„Надворешната политика е огледало на секоја држава. И според неа се оценува и проценува сериозноста и цврстината на држвата. Како амбасадор, лицето на Македонија во Турција беше бело, со многу успеси и придонеси за татковината. Економски ивестиции, промоција на македонскиот јаЗик и култура и доближување на Македонците од Турција до татковината. Со награди и признанија од македонската и турската влада.

Како поединец покажав дека може да се бранат и спроведуваат македонските народни и национални интереси. Со одлучност, цвртина, храброст и родољубие. Дојде време да бидеме рамноправни со сите наши соседи, да ја градиме иднината врз основа на принципи и меѓусебно почитување“ вели меѓу другото во своеото обраќање носителот во петтата изборна единица Горан Тасковски.

Би можело да ве интересира

Тасковски: Гласот за број 12 е глас за суверена Македонија

Предраг Петровиќ