Таравари во официјална посета на Брисел

Од:

Генералниот секретар на Алијансата за Албанци, д-р. Арбен Таравари, денеска отпатува на официјална посета во Брисел.

Во текот на дводневниот престој, генералниот секретар Таравари ќе оствари средби со високи претставници на институции на ЕУ, како и со личности кои го поддржуваат патот на Македонија кон интеграции во ЕУ и НАТО.

Агендата на средби ќе биде фокусирана околу последните политички случувања во земјата, со посебен акцент на уставните промени и на веќе познатите ставови на Алијансата за Албанците за потребата на унапредување на уставната положба на Албанците, како клучен фактор за градење на мултиетничко, демократско и вистинско европско општество.

Во Европската комисија, д-р Таравари ќе оствари средба со европскиот комесар за соседство и проширување Јоханес Хан.

Д-р Таравари, исто така ќе се сретне и со европратениците Флекенштајн, Кукан и Вајгл, кои беа водечки фигури на Европскиот парламент во врска со политичкиот развој во Македонија во актуелното законодавство на оваа институција и најголемите поддржувачи на европеизацијата на државава.

При посетата, д-р Арбен Таравари ќе биде придружуван од Арбен Фетаи – шеф на Одделот за евроинтеграции при Алијансата за Албанци.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани

Алијанса за Албанците со осуда за нападот врз Данела Арсовска

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции