Таравари: 118 повредени од пожарот, сите се згрижени

Од:

118 се повредени, нема пациент што не е згрижен, изјави утринава министерот за здравство Арбен Таравари, по трагичниот настан во Кочани каде што во дискотека изби пожар во кој има 51 жртва и стотина повредени.

На прашањето колку се во критична состојба, рече дека не би сакал да шпекулира.

– Одиме на хирургија да добиеме информации, кажа Таравари.

Тој рече дека добил и повик од министерот за здравство на Бугарија за да понуди помош, но Таравари кажа дека засега нема потреба од странска помош.

Имаме доволно крвни единици и засега нема потреба од дополнителни, кажа Таравари.

Би можело да ве интересира

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Арбен Таравари поднесе тужба за клевета против Изет Меџити

Горан Наумовски

Тивок марш во Македонска Каменица – „Кети Милковска и 63 ангели“

А1он

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Одбраната со серија забелешки за работата на Обвинителството и правната конструкција на обвинението за „Пулс“

А1он