Таксито во Скопје нема да поскапи

Од:

Нема да има промени на цената на такси-превозот во Скопје. Советот на Град Скопје не го прифати предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје.

Советот за сообраќај на Град Скопје предлагаше три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, кои веќе биле усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легални таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници.

Првата предложена тарифа беше онаа која сега се применува, по која таксистите возат веќе 11 години и е 40 денари старт и 25 денари за секој изминат километар, како и чекање во место за еден час 300 денари.

Втората предложена тарифа беше 50 денари старт и 30 денари за секој изминат километар, како и 420 денари чекање во место за еден час, што всушност требаше да биде новата цена по која ќе возат таксистите.

Третата тарифа беше 60 денари старт и 35 денари за секој изминат километар, како и 480 денари чекање во место за еден час.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Патничка со мачета во такси – возачот „се смрзна“

А1он

Од Виена до Загреб со авион за 30 евра, за 2 километри со такси во градот – 52 евра

А1он

Таксист нападна жена под Железничка станица во Скопје

Горан Наумовски

Со такси лани превезени 13.566.000 патници

Се воведуваат три тарифи за такси превозниците

Град Скопје: Дезинфекција на такси возилата и јавниот превоз

Ландов