Тачи: Секој што има право на глас, не треба да трпи репресија

Од:

Претседателот на ДПА и носител на листа за пратеници во Шестата изборна единица Мендух Тачи вечерва на митингот во Желино, Тетовско, им порача на членовите и симпатизерите дека со гласањето на 27 април ќе ги казнат политичарите кои досега им забранувале да гласаат.

– На добар пат сме да ја смениме оваа тешка ситуација. Знам дека на 13-ти април ви беше тешко да гласате, поради големиот притисок, но како што се вели, после нешто лошо доаѓа нешто добро. Опонентите се служат со репресија врз својот народ, вели Тачи.

Поддршката од гасачите, додаде тој, му дава сила за истата цел како сега така и пред 20 години, а се бориме, вели, за слобода, за знамето, за официјализирање на албанскиот јазик. Тачи истакна дека нема соодветен политички противник во лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Немам соодветен политички противник за дебата, туку полемизирам со неговите лаги. Три пати поставија темел на инустриската зона во Тетово, ама уште не почна да функционира. Најавија илјадници вработувања, испаднаа илјадници лаги. Морам со иронија да зборам за Ахмети, бидејќи со неговите настапи е под секоја норма. Еднаш дури кажа дека тој ја растурил Југославија, вели Тачи.

Според него, тие што биле уценети да не гласаат на 13-ти април сега се многу незадоволни и се уште повеќе определени да ги казнат тие што ги спречиле да гласаат.

– Секој што има право на глас, не треба да трпи репресија како што сега тоа го прават, но сите ќе одговораат пред нас. Тоа ќе биде возможно со гласање, кога ќе ги казните на 27-ми април и ќе се избориме за наша слобода, истакна Тачи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ

Томашевиќ води во Загреб, Павличек прогласува победа во Вуковар, а Риека добива нов градоначалник