Тачи побара поддршка од стружани

Од:

Лидерот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи на предизборниот митинг во Струга побара поддршка на претстојните локални избори со која, како што рече, на власта ќе и се порача дека деновите и се одбројани и оти наскоро ќе има предвремени избори.

Треба да се стави крај на политиката на оваа власт, додаде, бидејќи, тааа, како што рече, ги влошила односите со НАТО и ЕУ, ситуацијата на Албанците и го уназадила нивниот економски развој.

Осврнувајќи се на промоцијата на кандидатот за градоначалник на општина Струга од ДПА, актуелниот пратеник Зијадин Села, Тачи рече оти е убеден дека тој ќе победи уште во првиот круг на локалните избори в недела, зашто како што рече, токму тој е симболиката на преродбата на Албанците.

– Зијадин Села, ве уверувам, и ве убедувам, ќе биде симбол на преродбата за албанската кауза во Струга, истакна Тачи.

Села најави дека ќе се справи со хаосот кој според него, се создал во изминатите осум години, и рече дека во неговата програма е предвиден развој на сите етнички заедници.

Тој на своите сопартијци и симпатизери им вети и дека секој ден ќе работи, Струга да стане се повеќе албанска.

На митингот на ДПА во Струга, носителот на листата на кандидати за советници во струшкиот Совет од ДПА, професот доктор Абдула Ќазими рече дека Албанците од Струга и околните населени места 50 години поднесувале омаловажување, само за една цел, како што рече, за Струга да биде албанска.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември