Тачи: И со еден пратеник ќе влезам во власта

Од:

Наместо да го подобрува животот на Албанците во Република Македонија, ДУИ го уназадува, истакна вечерва на митинг во Струга лидерот на ДПА Мендух Тачи.

– ДУИ доби мандат за да го заштити народот, а тие вршат терор. Ова што им се случува на Албанците во 21 век е многу  тешко, но народот секогаш го извлекува најдоброто и тој е оној што одлучува кој ќе влезе во власта. Јавно ви ветувам господине Ахмети дека и со еден пратеник ќе влезам во власта, истакна Тачи.

ДПА ги претстави кандидатите за пратеници на партијата во Петата изборна единица.

Носителот на кандидатската листа Зија Јонузи рече дека е крајно време Албанците во Република Македонија да сфатат дека ДУИ ги лажела оти ќе ги интегрира во ЕУ и НАТО.

– Апелирам без оглед на политичката боја да гласате за ДПА за да стане оваа партија гаранција за еднаквост на Албанците во Македонија, рече Јонузи пред стружани.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија