Светскиот ден на чистењето одбележан и во Делчево

Од:

Во организација на здружението „Go Green“ со поддршка на Министерството за животна средина во Делчево се организираше акција за чистење на неколку локации во градот.

Како што истакна Татјана Стојковска од ЕЛС Делчево, акцијата се одвива под мотото „Да го исчистиме светот за еден ден“ и е интернационална акција во која се вклучуваат земјите од целиот свет.

– Акцијата во Делчево се реализира со вработените во локалната самоуправа, основните училишта, јавното комунално претпријатие, здружението на пензионери, планинарски друштва и останати поединци волонтери. Целта е да ги прикажеме последиците од лошото управување со отпад и бенефитите од зачувување на чистата животна средина. Акцијата се реализира за првпат и да се надеваме дека во иднина ќе биде помасовна, а ќе имаме што помалку диви депонии, рече Стојковска.

Делчевскиот градоначалник Горан Трајковски изрази задоволство од одзивот на акцијата во чии рамки се расчистуваше мини депонијата над манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“.

– Задоволен сум од вклученоста на општинската администрација, останатите институции и граѓанските здруженија во оваа акција, но во истовреме сум незадоволен од глетката која ја затекнавме на мини депонијата кај манастирскиот комплекс. Гледајки ги овие купишта ѓубре порачувам дека мораме и како власти, но и секој поединец да влијаеме на свеста кај луѓето да се подигне на едно повисоко ниво, за да сите ние создадеме една почиста животна средина, рече Трајковски.

Со цел разубавување на училишните дворови, акција за чистење се спроведе и во делчевските основни училишта.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Делчево: Нема никаква злоупотреба на службена положба, постапив според закон

А1он

Градоначалник на Делчево незаконски вработил лице кое по закон требало да биде пензионер

Поради сообраќајка во прекин е сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево

Маж од Делчево на сопругата и на ќерката им испраќал заканувачки и невредливи пораки

Задутре времен застој на Г.П. „Делчево” заради градежни работи

Стан изгоре во пожар во Делчево