Свечена академија по повод Националниот ден на Власите

Од:

По повод Националниот ден на Власите – 23 Мај, Лигата на Власите денеска напладне во Скопје организира свечена академија.

На академијата ќе се обрати Мите Костов Папули, претседател на организацискиот комитет за одбележување на Националниот ден на Власите, а предвидена е и богата културно-уметничка програма.

Годинава се навршуваат 117 години од Декретот на турскиот Султан Абдул Хамид Втори со кој Власите беа признати како посебен народ. Со овој документ издаден на 23 мај, во 1905 година Власите ги добиле сите права како и останатите немуслимански народи во рамки на тогашната Отоманска Империја.

Годинава се одбележуваат и 10 години од прогласувањето на Националниот ден на Власите за државен празник и неработен ден за сите припадници на влашката заедница.

Би можело да ве интересира

Спасовски: Влашкиот народ и истакнати личности Власи имаат значајно место во најважните поглавја на нашата историја

А1он

Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите

А1он

Денеска е Национален ден на Власите

А1он

Интернационални денови на влашката култура во Крушево

Ана Ололовска

Честитка од Џафери по повод Националниот ден на Власите

Ана Ололовска

Кирацовски: Заедно, слободно, со меѓусебна почит и разбирање чекориме кон подобра иднина

Ана Ололовска