Сугарески: По промените, субвенциите за земјоделците ќе бидат зголемени на 160 милиони евра

Од:

Пратеникот Горан Сугарески вчера ги посети жителите на Крушеани, општина Кривогаштани.

Жителите се пожалија на тешкото секојдневие, земјоделците на проблемите со коишто се соочуваат и тешката состојба во којашто се наоѓаат.

Во 21 век населените места во Македонија се без вода, канализација, амбуланта, пат. Бандата на Груевски потроши 630 милиони евра за споменици, а овде во Крушеани времето како да застанало, рекоа граѓаните.

За нас, вистинските земјоделци нема субвенции, парите за субвенции завршуваат во џебовите на луѓе блиски до власта, револтирано рече еден од земјоделците на средбата со Сугарески.

Откако СДСМ ќе ја превземе одговорноста, субвенциите ќе се доделуваат на вистинските земјоделци, тогаш кога ќе ви бидат најпотребни и ќе бидат зголемени на 160 милиони евра, рече Сугарески.

На средбата во Крушеани се зборуваше и за актуелната политичка ситуација во Македонија.

Сугарески рече дека во Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори, со прочистен избирачки список и реформи на медиумите.

На слободни избори доаѓаат промените. На слободни избори победуваат граѓаните, СДСМ и европска Македонија, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија