Судиите поротници нема да работат се додека не добијат хонорар за декември

Од:

Судиите поротници го стопираа вршењето на својата функција затоа што до овој момент немаат земено хонорари за месец декември.

„Сакаме да ве известиме дека како независен синдикат на судии поротници на РСМ во повеќе наврати баравме од Судскиот совет Министерот за правда како и самите судови да разгледаат наши барања за подобрување на условите за работа на судиите поротници во РСМ.Но како и до сега судиите поротници се третирани како последна инстанца во судото иако истите се со одлучувачка моќ како и самите судии.

До овој момент судиите-поротници го немаат земено Декемврискиот надоместок а за бараното покачување воопшто и не се говори иако Судски Совет ги задолжи судовите да достават податови за да се изготви проекција за измена на исносите но до овој момент од тоа нема ништо“, соопштија од синдикатот на судии поротниици.

Поради сето ова тие известија дека ќе го стопираат вршењето на функцијата судија поротник се до исполнување на барањата.

Би можело да ве интересира

Хонорарци во Кисела Вода земале 44.000 евра за авторски труд, трудовите ги нема, покажа ревизијата

Орце Костов

„Солидарност“ ќе го оспори Законот за хонорари на Уставен суд

Емир Латифовиќ