Судењето за убиството на Вања и Панче почнува на 4 септември

Од:

Судењето поврзано со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски започнува на 4 септември, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

– Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж, во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1, стои во соопштението кое денеска беше објавено на веб-страната на Кривичен.

Оттаму дополнуваат дека расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство поради спојување на двете постапки.

– Имајќи предвид дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот кривично – правен настан за кој се води и предметот К.бр. 1339/24 против четворица други обвинети, а воедно се работи и за исти докази, од ОЈО Скопје, согласно чл. 28 од ЗКП ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки, соопштија тогаш од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Неодамна беше завршена и истрагата за Љупчо Палевски, првоосомничен за двојното грабнување и свирепо убиство, како и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември 2023 година.

Би можело да ве интересира

Сведок од „Десна“ вели дека зборувал со Палевски во моментите кога е грабната Вања, ама пораките се избришани

Со изведување на докази на одбраната продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Обвинетите имале еден неуспешен обид за киднапирање на Вања

Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителите, се гледаат снимки од камерите на куќата на обвинетиот Манев

Ново рочиште за убиствата на Вања и на Панче

Катерина Ѓуровски

Палевски повторно бара изземање на обвинителите, тврди дека фалсификувале докази

Катерина Ѓуровски