Судењето за убиствата на Вања и Панче продолжува в понеделник, обвинетиот кој беше во болница е вратен во „Шутка“

Од:

В понеделник продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски откако еден од обвинетите, Боре Бидевски е вратен во затворот Шутка о болница каде што престијуваше поради прблеми со бубрезите. Според затворските власти, обвинетиот Видевски е во добра здравствена состојба.

Првообвинет за убиствата е Љупчо Палевски-Палчо. Обвинети за убиствата се и Велибор Манев и Влатко Кешишов, а таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на Вања Ѓорчевска. На првото рочиште на 20 септември сите обвинети се изјаснија дека се невини.

В понеделник треба да сведочи мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и Ана Киркова и Тодор Кирков.

На првото рочиште Ѓорчевска преку нејзиниот полномошник поднесе барање до судот јавноста да биде исклучена од целото судење, за да се зашти нејзиниот приватен живот и живото на помалата ќерка, како и да се заштитат од траумите од силното медиумско известување. Судот не го прифати предлогот на Обвинителството за исклучување на јавноста.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Би можело да ве интересира

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 мај

А1он

Заврши сведочењето на Љупчо Палевски, според него мотивот за убиството е нелогичен и недокажан

А1он

Палевски: Целиот процес е „конструиран политички прогон“, УБК ме местеше за наводен атентат врз Заев

Мицкоски: Подрумот на Левица не ќе да е подрум, туку приземје кое се споменува во случајот за убиствата на Вања и на Панче

Катерина Ѓуровски

Адвокатот на Палевски тврди: Мое лично мислење е дека пресудата е однапред донесена

Палевски: Доказите против мене се фалсификувани, нецелосни и манипулативни