Судењето за „Онкологија 2“ почна одново

Од:

Судењето за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје започна од почеток поради промена на поротник. На денешното рочиште странките останаа на воведните зборови и се согласија исказите на досега испитаните сведоци да бидат прочитани, по што процесот продолжи со сослушување на сведоци.

Во воведниот збор, бранителот на обвинетиот Никола Васев денеска додаде дека дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот не претставуваат кривични дела, туку, како што рече, административни постапки согласно законските акти, за кои биле задолжени други работници во клиниката, а не директорите. Тој побара обвинетиот да биде ослободен од обвинение.

Обвинети во случајот се поранешниот медицински директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Јавната обвинителка Ана Гоговска Јакимовска го застапува обвинението, кое беше одобрено во јуни годинава.

Според обвинението, Васев и Нухи во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови, ги прикривале преку фиктивни тендери и присвојувале дел од терапијата, со што го оштетиле државниот буџет за речиси 36 милиони евра.

Двајцата обвинети ја негираат вината, тврдејќи дека обвинението е неосновано и политички монтирано, засновано врз економско вештачење од лица кои и самите се инкриминирани.

Покрај „Онкологија 2“, против Васев и уште двајца лекари се води и друг процес – „Онкологија 1“, за несовесно лекување пациенти.

Би можело да ве интересира

Протоколите за лекување онколошки пациенти во Македонија не се осовременети 10 години, вели вештакот од Словенија во случајот „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

Судење „Онкологија 2“ – Туфегчиќ: Доктор Црвенкова правилно постапувала и го продолжила периодот на преживување повеќе од вообичаено

Горан Наумовски

Случај „Онкологија“: Спротивставени ставови на осумчасовното вкрстено испрашување на вештакот од Словенија

А1он

Судење за аферата „Онкологија 2“: Одбраната на Васев со забелешки за вештачењето и лиценцата на експертот

Горан Наумовски

Судење „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза, за одбраната наодот е по европски стандарди

А1он

Пациентите добивале лек, но немало анамнеза, преглед и протколи – сведочи вештакот од Словенија во случајот „Онкологија“