Судење „Пулс“: 13 мобилни телефони и лап-топ се пронајдени во ќелијата на обвинетиот Џеваир Камбери

Од:

13 мобилни телефони и лап-топ се пронајдени кај Џеваир Камбери, обвинет во случајот „Пулс“. Телефоните му ги открила полицијата во неговата ќелија. Камбери во своја одбрана рече дека „мобилните ги нашол во ќелијата“ каде што е сместен. Џеваир Камбери, поранешен вработен во Министерството за економија на денешното рочиште за судењето за трагедијата во „Пулс“ беше опоменат од судијката, а обвинителката побара следен пат да не биде само со опомени.

Третото рочиште за кочанската трагедија е во тек. На почетокот се изјаснуваат оштетените во врска со кривичниот прогон и оштетеното побарување. Се очекува во текот на денот да има изјаснување за вина на обвинетите.

Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, со присуство на обвинетите, роднини на жртвите, обвинителството, одбраната и бројни новинари.

Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, најави дека доказите ќе покажат оти клубот „Пулс“ бил смртоносна стапица уште од самиот почеток, резултат на систематска негрижа и институционални пропусти.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници, меѓу кои и Џеваир Камбери, кај кого биле пронајдени телефоните.

Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Вештак на судењето за „Пулс“: Документацијата за дискотеката била делумна и немала правна важност

Обвинителството го оспори вештачењето за „Пулс“: Русески не ги исполнува стручните и методолошките стандарди

Шилегов бара преиспитување на обвинението за „Пулс“, родителите реагираат: Не може да се споредуваат различни случаи

Горан Наумовски

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Газда Деко ќе им е сведок на деветмината полицајци обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот