Субрата Рој останува во затвор. Индискиот Врховен суд не дозволи тој да се брани од слобода со кауција.
Индискиот бизнисмен кој највуваше инвистециски бум во Македонија во затвор е од 4-ти март.
Рој со уште двајца директори остануваат во притвор. Предлогот за исплаќање на кауцијата е одбиен а судот во Индија побарал нов план за враќање на 2 милијарди долари на оштетените инвеститори.
Субрата Рој во Македонија ја купи Џумајлија и во првите три години најави инвестиција од 300 милиони евра. Дел од ветувањето беа и 900 нови работни места во првите 18 месеци а за три години бројката требаше да стигне до 2000 нови работни места.
Освен нови вработувања беше најавено дека индиецот ќе набави првично 8.000 крави а по три години на Џумајлија предвидуваше дека ќе се одгледуваат 20.000 крави.
Освен Џумајлија, контроверзниот Субрата Рој најави и дека ќе гради модерен туристички комплекс во селото Љубаништа на Охридската ривиера. Неговата проекција беше да направи комплекс по светски терк, а проекцијата за инвестицијата беше неколку десетици милиони евра.