Министерството за култура донело одлука на индискиот милијардер Субрата Рој да му подари атрактивна парцела од 621 метар квадратни на скопскиот плоштад.
Одлуката според Build.mk веќе е објавена во службен весник, а префрлањето на сопственоста на земјиштето на компанијата „Сахара глобал“ ќе се реализира во рок од 60 дена.
Тоа значи дека спомен облежјето на Мајка Тереза ќе може да почне да се гради на постоечкиот пешачки коридор помеѓу хотелот во изградба „Мериот“ и планираниот хотел што треба да го гради грчкиот бизнисмен Деметрис Кондоминас.
Според постоечкиот ДУП „Мал Ринг“, споменикот на Мајка Тереза е предвиден во висина од 32 метри.
Индиецот Субрата Рој кој заедно со македонскиот премиер Никола Груевски во јануари годинава поставија спомен – плоча, најави дека ќе го финансира овој споменик.
Во јавноста излезе и макета од предлогот како треба да изгледа споменикот но не беше официјално потврдено дали е тоа конечното решение.