Суад Мисини го заврши штрајкот со глад

Од:

Аналитичарот Суад Мисини, по седум дена, го заврши штрајкот со глад.

Тој бараше законски измени кои ќе овозможат процедура која ќе гарантира безбедност и сигурност при престојот/транзитот на мигрантите во/низ РМ; слободно користење на сите достапни превозни сретства и професионален и хуман третман од страна на сите засегнати институции, како и непречена работа на сите здруженија и поединци кои сакаат да им помогнат на мигрантите на територијата на РМ.

Република Македонија, посочи Мисини, како членка на Советот за човекови права на ООН и особено како членка на Советот на Европа, има обврска да ги почитува националните и меѓнародните стандарди за човекови права и да овозможи нивна имплементација за сите луѓе на нејзина територија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мисини: Заради тортурата и Обединетите нации бараат да се затвори Центарот во Гази Баба

Ана Ололовска

Мисини ќе престане да консумира и вода доколку бегалците не се ослободат во рок од 24 часа

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мисини: Има вработени во МВР што се вмешани во криминал со мигрантите

Ана Ололовска