А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Столтенберг: Новите членки како Северна Македонија мора да имаат безбеден начин на комуникација

by А1он15/11/2019 - 22:0015/11/2019 - 23:16453
Share0

Државите кои се приклучуваат кон НАТО, како Северна Македонија, мора да имаат безбеден начин на комуникација, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за Гласот на Америка.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Постојат стандарди кои мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникација, како што е 5Г. Тоа се однесува и на новите идни членки, како Северна Македонија. Овие стандарди не се однесуваат на земјите кои не се членки, но, ние можеме да ги замолиме или да ги советуваме тоа да го направат, изјави Столтенберг во однос на можното влијание на други глобални сили во регионот и безбедносните предизвици со кои се соочува НАТО.

За разлика од порано кога најголема опасност беше само некогашниот СССР, Столтенберг вели дека сега заканите се од повеќе страни – сајбер напади, анексии,…, и не можат да се предвидат.

– Затоа е важно НАТО да остане спремен и агилен за да може соодветно да реагира на какава било нова криза, истакнува генералниот секретар на Алијансата.

Следете a1on на Youtube YouTube

На прашањето зошто НАТО ја продолжува политиката на „отворена врата“ за малите држави, кои не се воено и безбедносно силни, Столтенберг вели: „кога соседите се стабилни и ние сме безбедни, а кога тие ќе се приклучат кон НАТО, тогаш ќе станеме уште побезбедни“.

– Еден од најголемите успеси на НАТО е фактот што со скорешното приклучување на Северна Македонија, од почетните 12, ќе станеме сојуз од 30 земји. Многу од нив се членки на ЕУ. Сетоа тоа значи дека стотини милиони луѓе веќе се придружија на демократијата и економскиот просперитет. Со тоа Европа станува пообединета и помирна од кога и да било претходно, изјави Јенс Столтенберг

nato

Би можело да ве интересира

Путин издаде наредба: „Уништете го НАТО“

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 00:4214/08/2026 - 18:44

Дрон влезе во воздужниот простор на Летонија, го соборија авиони на НАТО

Катерина Ѓуровски14/08/2026 - 08:4414/08/2026 - 09:19

Путин: НАТО го зголемува своето присуство во Пацификот, се зголемува потенцијалот за конфликт

Горан Наумовски12/08/2026 - 18:49

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Горан Наумовски08/08/2026 - 21:02

Кинески шпионски софтвер се шири низ целиот свет: Ги следи рутерите на НАТО

Горан Наумовски08/08/2026 - 18:5508/08/2026 - 18:55

Американските разузнавачи: Путин би можел да го нападне НАТО

Предраг Петровиќ07/08/2026 - 16:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео