Столтенберг: Македонија може да стане членка во 2019, но Договорот мора да се спроведе

Од:

НАТО соопшти дека Република Македонија може да стане членка на Алијансата во 2019 година ако го прифати Преспанскиот договор.

Преговорите за прием на Македонија може да завршат во јануари идната година и во почеоткот на 2019 година државата може да стане членка на НАТО, изјави на прес-конференција генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Сите внимателно го следевме изјаснувањето на референдумот во поранешната југословенска република Македонија. Го поздравувам постигнатото одобрување за Договорот од Преспа. Скопје треба да ги определи следните чекори, нагласи генералнито секретар.

Посочи дека НАТО е подготвен да ја поздрави Македонија како 30-ти член на НАТО.

– Тоа може да се случи само со одобрување на Договорот од Преспа. Преговорите за членство почнаа и очекуваме да ги завршиме во јануари идната година. Кога ќе заврши прифаќањето на Договорот, може да потпишеме протокол со ПЈРМ. Во почетокот на годината државата може да се присоедини кон Алијансата. Ги повикувам сите да пројават одговорност и да ја искористат таа можност, нагласи Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина