Стојаноски: СДС преку Кацарска врши опструкции со линеарното покачување на пензиите

Од:

Подносител на овој амандман е Венко Филипче, зошто е потпишан Венко Филипче? Заради тоа што неговиот брат Никола Филипче, има компанија којашто произведува алтернативни извори на електрична енергија. 2025 година менување на детален урбанистички план во општина Дојран, каде што тие имаа градоначалник и инсталирање од фотонапонска централа од 23.000 м2, за да се купи 130.000 евра струја, знаете ли кој е сопственик на таа централа? Никола Филипче и Вице Заев. Некој треба да даде, за некој да земе, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието.

Стојаноски исто така истакна дека СДС преку Добрила Кацарска го кочи и опструира процесот на линеарното зголемување на пензиите.

„СДСМ во минатиот мандат ја постави Добрила Кацарска во Уставниот суд, продолжената рака на СДСМ во Уставниот суд, уставната судијка поднела претставка до Уставниот суд за оценување на уставноста за линеарното зголемување на пензиите. Сега кога некој дојде и им ја покачи пензијата на сите пензионери за 7.000 денари, Добрила Кацарска сега сама си поднесува претставка и сака да им ги земе на пензионерите овие покачувања. СДСМ преку Добрила Кацарска сака да ви го земе покачувањето на пензиите“, дециден е Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Собранието ќе донесе закони за зголемување на животниот стандард на студентите и пензионерите

Стојаноски: Граѓаните имаат недоверба во системот заради политиките на СДС и трагедиите кои не резултираа со правда

Стојанови: Ако се подели коалицијата „Вреди“, Владата ќе работи нормално

СДСМ: Кој го мести Бојан Стојаноски од ДПМНЕ?

(ВИДЕО) Стојаноски: Зголемувањето на имотот на сопственикот на Пуцко петрол се случува благодарение на СДС и ДУИ

(ВИДЕО) Стојаноски: Асмир Пуцко Петрол наместо во притвор го оставија дома