Стипендии за македонските студенти за Грција, Русија и Унгарија

Од:

Министерството за образование и наука денеска соопшти дека македонските студенти во следниот период имаат можност за стручно усовршување во Грција, Русија и Унгарија.

Во Грција преку Државната фондација за стипендии, на студентите им се нудат 20 стипендии за докторски и постдокторски истражувања, додека Рускиот државен универзитет од Санкт Петербург доделува стипендии за редовни додипломски, постдипломски или докторски студии за академската 2014/2015 година.

Студентите имаат можност да се пријават и за целосна стипендија на Унгарскиот карпатски летен факултет, кој го организира Факултетот за науки Еотвош Лоранд од 8 до 13 јули. Факултетот е организиран во четири различни модули – правни науки, природни науки, хумани науки и информатика.

Дополнителни информации за пријавувањето, условите и потребните документи за секоја од стипендиите може да се најдат во конкурсите објавени на порталот за стипендии на Министерството за образование и наука, www.stipendii.mon.gov.mk.
Крајниот рок за пријавување за стипендиите во Русија и летната школа во Унгарија е 15 јуни, додека електронските пријави за студиските стипендии во Грција треба да се достават најдоцна до 16 јуни.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска