„Стипендии ЕКСПО“ информации за стипендрање студенти

Од:

Образовно-информативен центар“- Скопје денеска ја организира петтата по ред манифестација „Стипендии ЕКСПО“ каде на едно место се презентираат голем број можности за стипендирање и други форми на финансиска помош за студирање на многу странски и домашни универзитети.

Сите заинтересирани граѓани од Македонија и идни студенти на манифестацијата ќе можат одблизу да се запознаат со потребните услови за добивање стипендии, но и да стапат во комуникација со избраните установи, најважниот чекор во натамошната соработка за добивање стипендија.

Оваа година земја – поддржувач на манифестацијата е Италија, претставена преку италијанската амбасада во Македонија, односно амбасадорот Ернесто Масимино Белели.

Поддршката од оваа земја е од големо значење имајќи го предвид фактот дека во моментот Италија е земја – претседавач на Европскиот совет во рамките на Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска