Стартува академската година

Од:

Денеска започнува академската 2013/2014 година на првиот циклус на студии на факултетите, членки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

По тој повод, министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје Велимир Стојковски ќе присуствуваат на првиот академски час на Природно-математичкиот факултет, со почеток во 12 часот.

Заменик министерот за образование и наука, Сафет Незири ќе присуствува на првиот академски час од академската 2013/2014 година на Државниот универзитет во Тетово.

Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска во 11 часот во амфитеатарот на факултетот ќе го одржи првиот академски час.

Добредојде на околу 360 нови бруцоши ќе им посакаат деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф.д-р Миле Станковски, членот на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД, Скопје, д-р Игор иевски и претставник на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование