ССУ „Киро Бурназ“ домаќин на ученици и наставници од пет држави

Од:

Средното стручно училиште „Киро Бурназ“ од денеска до 23 март е домаќин на ученици и наставници од пет држави во рамки на проектот „Паметни училници, паметни ученици“ од програмата на ЕРАЗМУС +.

Проектот финансиран од Националната агенција за европски програми и мобилност ќе трае две години, а „Киро Бурназ“ е партнер училиште во проектот со училишта од Италија, Турција, Бугарија и Литванија.

Свеченото отворање на активноста во Куманово се организираше во салата на Занаетчискиот дом, со поддршка на локалната самоуправа.
– Прва координативна средба нашите колеги одржаа во Истанбул, во декември лани, а денеска ние првпат сме домаќини на една од активностите планирани во рамки на тој проект. Секоја активност што таму ја договорија си има посебна тема. Тема на нашата активност е „Употреба на софтвер за креирање забавни часови поврзано со обичаи и традиција“, изјави директорката на „Киро Бурназ“ Весна Трајковска.

Покрај активностите во училиштето, планирани се, додаде, и посети на Охрид, Тетово, Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Со проектот се очекува да се постигнат повеќе цели: мотивирање на учениците за меѓукултурното разбирање и прифаќање, комуникациски вештини на англиски јазик, промовирање на европските вредности, кохезија меѓу европските граѓани, поголемо ИТ знаење,..

Наставниците ќе имаат можност за размена на добри практики, методи за учење, мислења, ќе ги подобрат англискиот јазик и дигиталните и организациските вештини, наставните методи и алатки.

Проектот почна на први септември минатата година, а ќе трае до 31 август 2019-та. Во мај годинава ќе се спроведе следната активност во Литванија. Темата ќе биде „Користење онлајн алатки за креирање на квизови од областа на математиката“. Во октомври, домаќин на ученици и наставници од пет држави ќе биде Бугарија, каде што ќе се работи на темата „Користење онлајн алатки за креирање книги од областа на литературата“, а во март наредната година во Италија, темата ќе биде „Дигитални алатки за уметнички дела“ од областа на религиозни студии.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат