ССНМ: Понижување и уцена е МПМ да им забранува на новинарите да изнесуваат лични ставови

Од:

ССНМ остро протестира против Компанијата што ги издава и печати Утрински весник, Дневник и Вест, како и други дневни и неделни изданија, бидејќи ги уценува, понижува и дискриминира новинарите, со договори за работа во кој им забранува изнесување лични ставови во комуникација на социјални мрежи, Фејсбук, Твитер и други, оценува Синдикатот.

„Ставот од договор во кој на новинарите, божем им се сугерира, а де факто им се забранува да изразуваат политички ставови, во ситуација на штотуку завршен круг на отпуштања и намалени плати, не може да биде разбран поинаку, освен како уште еден начин за замолчување на новинарите, ограничување на слободата на говор и нарушување на основните права и слободи на човекот.

Обидот на Медиа принт Македонија овие членови да се претстават како „светска пракса“, а потпишувањето на договорите „доброволно“ е крајно циничен и навредувачки.

Обидот на Медиа принт Македонија овие членови да се претстават како „светска пракса“, а потпишувањето на договорите „доброволно“ е крајно циничен и навредувачки

Имено, точно е дека многу светски медиуми имаат упатства за новинарите и вработените за нивното учество на социјалните медиуми, но станува збор за упатства, а не клаузули на договор за вработување кои по автоматизам значат дека нивното непочитување може да резултира со отказ. Воедно за „доброволноста“ на потпишувањето на ваквите договори доволно говори фактот што работодавачот во ситуација на непотпишан договор може да го отпушти работникот без какви и да е последици.

Компанијата од страна на ССНМ беше предупредена дека со тоа се крши член 6 од Законот за работни односи кој забранува дискриминација, се кршат неколку членови од Законот за заштита и спречување на дискриминацијата, но се кршат и уставните права и слободи“, се наведува во соопштението на ССНМ.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најавува дека за ова ќе ја извести и меѓународната јавност

– Кон компанијата МПМ ќе ги преземеме сите мерки што ни стојат на располагање за да ги поништиме ваквите уценувачки, дискриминаторски и понижувачки договори за работа за новинарите, велат од Синдикатот.

Би можело да ве интересира

Керим: Достапен сум за сите, па и за СЈО

Ана Ололовска

Керим и Станисављева недостапни за СЈО

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Керим по распитот во СЈО: Ќe кажеме се кога ќе дојде време

Ана Ололовска

Срѓан Керим пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Јана Станисављева пристигна на распит во СЈО

Ана Ололовска

Срѓан Керим и Јана Станисављева на распит во СЈО

Ана Ололовска