Средното училиште „Арсени Јовков“ одбележува 50 години постоење

Од:

Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ денеска во Музејот на македонската борба ќе одбележи 50 години постоење и по повод јубилејот ќе промовира монографија.

Во чест на патронот – македонскиот револуционер и публицист Арсени Јовков,  (25 март 1884 – 14 септември 1924) ќе биде прикажан филмот „Македонија во слики“. Јовков, кој бил првиот македонски филмски сценарист, го снимил овој филм во 1923 година, а Кинотеката на Македонија го реставрираше во рамки на проектот за дигитализација на аудиовизуелното културно наследство.

Средното училиште „Арсени Јовков“ е формирано во 1965 година и оттогаш во него завршиле над 75.000 економски техничари, биротехничари, дактилографи и деловни секретари. Воспитно-образовната дејност училиштето ја изведува со 165 вработени од кои 136 се вклучени во наставата.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование