Средното економско во Гостивар доби нови прозорци

Од:

Со пригодна свеченост во средното општинско економско училиште беше означен крајот на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, со кој беа реновирани прозорците на објектот.

На свеченоста од името на американската амбасада и УСАИД се обрати Џесика Ос, подофицир во канцеларијата на военото аташе при амбасадата на САД, која нагласи дека ова училиште развива примери кои може да применуваат и во останатите училишта.

– Ова училиште е модел наменето за зголемување на интеграцијата помеѓу учениците во воннаставните и во наставните активности. Така, се зголемува и соработката помеѓу родителите и наставниците од различни етнички припадности, подвлече Ос.

Успешно реализираниот проект, според директорот на училиштето Јованка Огњаноска, се должи и на ангажираноста на учениците и целиот персонал.

– Освен финансиска поддршка на општината и УСАИД, би сакала да се заблагодарам на наставниците кои со доброволниот ангажман помагаа во вадењето на старите прозорци. Новите прозорци ќе придонесат за топлотна и звучна изолација, исто така ќе го разубават и објектот, рече Огњаноска.

Зборови на благодарност во неговото обраќање искажа и градоначалникот Невзат Бејта, кој ја истакна поддршката на мултиетничките средини како што е општина Гостивар.

За реновирањето, прозорците се инвестирани околу 1,2 милиони денари средства од кои една десетина се на општина Гостивар.

Преку проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, досега се реализирани 35 проекти. За идната година предвидена е поддршка за подобрување на условите во уште 13 училишни обејкти во Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование