Средношколските стипендии ќе се зголемат за 500 денари

Од:

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска најави реализација на зголемувањето за 25 отсто, односно за 500 денари, на средношколските стипендии.

– Средношколските стипендии ќе се зголемат за околу 25 проценти. Заостанатите стипендии ќе се исплатат во текот на следните две недели. Зголемувањето не можеше да биде реализирано во изминатите девет месеци затоа што беше изборниот период, изјави денеска премиерот Груевски.

Премиерот Груевски придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беше во обиколка на изградата на делницата Демир Капија – Смоквица, дел од Коридорот 10.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование