Средношколски натпревари за афирмирање на техничките науки

Од:

Технолошко-металуршкиот факултет под покровителсво на Министерството за образование и наука органзира средношколски натпревар “Наноматеријали – материјали за иднината“ со цел да го зголеми интересот за техничките науки кои се дефицитарни на пазарот на трудот.

Натпреварот ќе биде промовиран во сите средни училишта, а учеството е доброволно. Зинтересираните ученици треба да изберат тема за проект, од тие што ги нуди Технолошко-металуршкиот факултет, кои може да се најдат на веб-страницата за натпреварот www.tmf.ykim.edy.mk/natprevar. \

Ученичките тимови треба електронски да се пријават за учество до 15 декември, а натпреварите ќе се одржуваат во училиштата од 6-ти до 20 февруари. Најдобрите тимови од секое училиште ќе одат на републички натпревар во април во Охрид. На школските натпревари ќе има три парични награди, од 2.000, 4.000 и 6.000 денари, а на републичкиот натпревар од 500, 1.000  и 2.000 евра.

Министерот за образование и наука Панче Кралев на прес-конференција на Технолошко-металуршкиот факултет рече дека натпреварот ќе овозможи увид во една иновативна област за средношколците.

– Владата и Министерството за следниот период планираат зголемен број активности за промоција на иновациите, меѓу кои е и формирање фонд на иновации. Поттикнувањето на интересот кај младите за иновациите е секогаш важна алатка, рече министерот Кралев.

Деканот на Технолошко-металуршкиот факултет Алексанар Димитров ги повика средношколците и нивните професори масовно да учествуваат на натпреварот.

– Република Македонија е земја во развој, на која секојдневно и е потребен нов високоедуциран инженерски кадар од научни области кои се изучуваат на овој факултет… да ги воведе во тајните на наноматеријалите – материјали на 21 век, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on