Средните училишта што имаат слободни места утре ќе запишуваат ученици во прва година

Од:

Средните училишта во Македонија во кои се уште не е пополнета квотата за прием на ученици во прва година за учебната 2013/2014 година утре ќе примаат документи на заинтересирани ученици.

Во двете пријавувања од првиот, јунски уписен рок, интересот за гимназиите беше поголем отколку за средните стручни училишта, во кои останаа повеќе слободни места. Според податоците на МОН, во јуни се запишале 16.999 идни средношколци од 22.900 ученици колку што годинава завршија осмо оделение.

Од 34.971 место објавени со Конкурсот на МОН за 2013/2014, за августовскиот рок што ќе се спроведе утре останати се уште околу 17.000 места. Резултатите ќе бидат објавени наредниот ден, 23 август.

– Квотата не се исполни во првиот уписен рок, посебно во средните стручни училишта. Поради фактот што средното образование е задолжително со закон, ние ќе инсистираме сите ученици да се запишат во средни училишта, изјави ресорниот министер Спиро Ристовски.

Тој посочи дека МОН работи на Стратегијата за развој на средното стручно образование која, меѓу другото, опфаќа и зголемување на интересот за запишување во средните стручни училишта.

– Планирани се активности за подобрување на програмите, но и за зголемување на инвестициите во средните стручни училишта, со единствена тенденција зголемување на бројот на запишани ученици. Тоа е и во рамки на генералната политика на Владата за вкупниот упис во образованието, со главен фокус на техничките струки и во високото, но и во средното образование. Затоа сугерирав и апелирав да ги мотивираме, пред се родителите, да се одлучат да ги запишуваат своите деца во стручно образование или, ако веќе се запишале во гимназија, високото образование да го продолжат на техничките факултети заради потребата на пазарот на трудот, истакна Ристовски.

Средните училишта во кои и по 22 август ќе останат слободни места, ќе запишуваат ученици до почетокот на учебната година.

Би можело да ве интересира

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ