Средба на претставници на воздухопловните и судските власти од повеќе земји

Од:

Високи претставници на судските и воздухопловните власти од Република Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, како и гости од EUROCONTROL и JCTF, денеска во Охрид ќе одржат работен состанок.

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија, во соработка со EUROCONTROL и JCTF,  е организатор на работната сесија со претставниците на Обинителството и правдата и воздухопловните менаџери на земјите од регионот, на која ќе бидат разгледани можностие за усвојување заедничка воздухопловна обвинителна процедура, креирана врз моделот на EUROCONTROL Just Culture Task Force (JCTF).

Имено, земјите членки на EUROCONTROL и на ЕУ на состанокот на Привремениот совет на EUROCONTROL во мај 2012 година, едногласно ја поддржаа иницијативата да ги поканат земјите членки да ја усвојат, на државно ниво, процедурата за единствена и унифицирана кривична истрага на воздухопловни инциденти и несреќи. Моделот е креиран и развиен од EUROCONTROL just Culture Task Force (JCTF) и е изготвен од правни експерти од областа на воздухопловството од голем број земји-членки, претставници од Европската Комисија, EASA, воздухопловни оператори, даватели на услуги на воздухопловна навигација и претставници од државното судство на земјите членки на EUROCONTROL.

Би можело да ве интересира

Работна група за излез од кризата во светското цивилно воздухопловство

Ана Ололовска

Подобар и побезбеден проток на податоци во воздухопловството

Ана Ололовска

ФЕИТ и М-НАВ ќе доедуцираат кадри за потребите на воздухопловната индустрија

Ана Ололовска

Сингапур ќе го поддржи македонското воздухопловство

Наум Локоски

Воздухопловната бригада при АРМ прослави 25 години од основањето

Ана Ололовска

Меморандум за соработка во воздухопловството помеѓу Македонија и Молдавија

Ана Ололовска