Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Велика Британија

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет.

Амбасадорот Гарет му го честита изборот на министерот Спасовски и му посака успешна работа, а понуди и помош за реформите во Министерството за внатрешни работи.

Министерот Спасовски се заблагодари на честитките и досегашната соработка соВелика Британија и изрази уверување дека таа соработка ќе биде уште посодржајна. Тој ја потенцира решеноста за спроведување на реформи во македонската полиција, со крајна цел полицијата да се департизира и декриминализира и да биде вистински сервис на граѓаните. Според министерот Спасовски, принципите на законитост, одговорност и чесност мора да бидат основни принципи на секој вработен во МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

Спасовски: МВР ја завршува годината со инвестирани 17 милиони евра во 80 реконструирани објекти и за 35 отсто зголемени плати

(ВИДЕО) Спасовски во Вашингтон: Овие неколку дена работевме за напредокот на Македонија

Спасовски за внукот на Ахмети: Треба да се земат предвид сите факти и докази, Обвинителство ќе одлучи како ќе постапува

А1он