Средба на Алијанса за Албанците со Хојт Ји: Им благодариме на САД за поддршката на Македонија

Од:

Генералниот секретар на Движење за реформи на ДПА д-р Арбен Таравари и пратеникот на Алијансата за Албанци и претседателот на НДП проф. Весел Мехмеди денеска одржаа состанок со висок официјален американски претставник, заменик-секретар, Секретар на САД за Европа и Азија г-дин Хојт Брајан Ји.

„Нашите претставници го информирале заменик/помошник Американскиот секретар г-дин Хојт Брајан Ји и за настани кои се случија во Собранието на Р.Македонија, како и здравствената состојба на лидерот на Движење за реформи на ДПА Зиадин Села, кој поради здравствени причини не беше во можност да биде дел од средбата.

Највисокиот американски дипломат г-дин Хојт Ји, беше информиран и за придонесот на Алијансата за Албанците и нивните пратеници, за надминување на политичката ситуација, како и политичка поддршка на Алијансата за Албанците за деблокирање на институции кои се резултат на изборот на претседателот на Собранието на Република Македонија и подготвеноста на Алијансата за Албанците да се формира што е можно поскоро, новата реформистичка Влада на РМ од парламентарно мнозинство.

Претставници од Алијансата за Албанците им се заблагодариле на дипломатска улога, како и политички континуираниот придонес на САД, преку нивната Амбасада и Американскиот Амбасадор во Скопје Џес Бејли, за надминување на оваа политичка ситуација и политичка стабилизација во интерес на безбедноста на граѓаните на РМ и инсталирање на демократските вредности.

Во исто време, претставници на Алијансата за Албанците им се заблагодарија на официјалната политика на САД, кои и официјално го призна изборот на новиот претседател на Собранието г. Талат Џафери од страна на мнозинството од последните парламентарни избори. Исто така, д-р. Арбен Таравари и пратеникот проф. д-р Весел Мехмети побара политиката на САД да продолжи да биде присутна во иднина, бидејќи ориентацијата на Р.Македонија да влезе во НАТО и во ЕУ продолжува да биде приоритет и стратешка определба на Р.Македонија и за нејзините граѓани“ се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

АА: Азир Алиу излажа155 здравствени работници

Алијанса за Албанците: Изјавите на Мицкоски се скандалози и се провокација кон чувствата на Албанците

Алијанса за Албанците: Ги избравме тројца кандидати за градоначалници за Струга, Дебар и Арачиново

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

AA: ВМРО предлага вработувања во полицијата “без оглас” и “без правична застапеност”, ВЛЕН ги брани