Средба Муцунски – Спајиќ: Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија

Од:

Во пресрет на утрешниот Самит ЕУ – Западен Балкан, денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Како што соопшти МНР и НТ, Муцунски и Спајиќ се дел од овогодинешната група добитници на признанието „Млад глобален лидер“ (YGL) на Светскиот економски форум – мрежа која веќе две децении обединува исклучителни личности под 40 години кои предводат позитивни промени ширум светот.

– Програмата за млади глобални лидери е симбол на колективна акција и визија, поттикнувајќи нови форми на лидерство во ера на глобални трансформации. Тоа што двајца политичари од Западен Балкан се дел од оваа заедница е потврда за промените што оваа генерација ги носи во регионот. Во овој дух, на средбата се разговараше за зајакнување на билатералната и регионалната соработка, како и за потврдување на заедничката посветеност на европската интеграција на Западен Балкан – како дел од визијата за обединета, просперитетна и силна Европа – стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Муцунски: Во услови на засилени безбедносни и геополитички предизвици владите мора брзо да се приспособуваат и да дејствуваат заеднички

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он